Tuesday, December 4, 2012

NYC

Тука само доаѓаш
а потоа те презема градот
Заборави кој си
Заборави каде си тргнал
Биди најголем на 34та
Ќе видиш колку си малечок на 5та
Смеј се и уживај во Сохо
и тивко поклони се кај Imagine
во Central Park
Тука сите ти се пријатели
ама само вистинските
Оние со кои ќе ти кликне
ќе ти направат пица
и ќе те честат џин
Тука
треба некој само да ти покаже
каде се пие вистинско еспресо
и каде се улиците
од Бандите на Њујорк
и потоа мораш
сам да се избориш за своето место
На шанкот
На улицата
Во животот
Тука имаш избор за се
но вистинскиот избор е веќе направен
Тука доаѓаш
и само си мислиш дека
ќе се вратиш дома
Погледни поубаво
Ќе видиш
Очите ти се уште полни со џез
Погледни надолу
Ќе сфатиш
Скопје си почнал да го делиш
по авении и улици
Оти од вчера наваму
Ти се чини дека е тоа единствениот
правилен чекор

No comments:

Post a Comment