Се обидував да бројам
до 212 и назад
212 дена што требаше
да ги пополнам со историја
За на крајот пак да им раскажам
на моите неродени деца
Дека љубовта е како гума за џвакање
на штотуку испеглани панталони
(можеш да ја бришеш колку сакаш,
залудно)
Требаше да бројам
А сега собирам
и полнам куфери
Собирам и полнам
Работи кои до вчера ме залажуваа
Дека не знам да решам една проста равенка
Чиј одговор го имав одамна
Чиј одговор отсекогаш бил тука.
до 212 и назад
212 дена што требаше
да ги пополнам со историја
За на крајот пак да им раскажам
на моите неродени деца
Дека љубовта е како гума за џвакање
на штотуку испеглани панталони
(можеш да ја бришеш колку сакаш,
залудно)
Требаше да бројам
А сега собирам
и полнам куфери
Собирам и полнам
Работи кои до вчера ме залажуваа
Дека не знам да решам една проста равенка
Чиј одговор го имав одамна
Чиј одговор отсекогаш бил тука.
No comments:
Post a Comment