Saturday, December 29, 2012

Причина

Мојата присутност никогаш не била мерлива
Барем не онака како што ти пробуваш да ја мериш
Бадијала си се обидувал
Наклонетоста на една девојка
да ја спакуваш во некаков си временски размер
мислејќи дека баш ти чучиш
во папокот на градот
(Центрипеталноста чувај си ја
за некоја што полесно се влече)
Јас и руса и инаква
Разбирам потполно се што ќе ми кажеш
оставајќи ти простор да бидеш попаметниот
(така не учеа нашите баби
така отприлика и се врти светот)
А знам што би сакал
Би ме сакал мене
ама аморфна
Би ме сакал мене
Неоформена
Би ме сакал мене
каква што ти ќе ме направиш
Кутриот ти
Никогаш не научи
Дека има причина
што дури и ваква
Не знаев да ти кажам
Не.

No comments:

Post a Comment