1.
Извини
Не можам да ти објаснам нешто
кое и самата не успевам да го сфатам
Или да ти продадам приказна
Во која и самата тешко да поверувам
Кажи ми
Природно ли е ова привремено слепило
Или само поглед со поинакви очи
Или е можеби механика движењето на прстите
кое љубовта ја преведува
во низа запирки и знаци
а чувствата ги преточува
На некаков си човечки јазик
кој го разбира само оној
што пишува, а не очекува некој да му врати
И како сега да ти објаснам
Нешто што и самата не го разбирам
Како тогаш очекувам да сфатиш
дека моето Денес дојдов
всушност значи Сакав да те видам
дека моето Се надевам
всушност значи дека Страдам
Кажи како да си ги преведеме
мислите на некој јазик
На кој ќе знаеме дека љубовта е жива
Додека другите се чудат
на нашето Како си
што значи Се уште те мислам
и нашето Океј
составено од сите насмевки на светот
Никако нема да ти објаснам
зошто не може да се објасни
Разговорот без смисла
Разговорот на мене со себе
Барем да имаше начин како
Те сакам, кажано во огледалото
Да ме направи среќна
2.
Пет минути подоцна
Се насмевнувам на своја сметка
И сфаќам дека ќе научам
Да ти објаснам се'
Само тогаш кога ќе изгубам желба
да ти објаснувам што било
Само кога ќе престанам да мислам
за што ли во некој миг од денот
размислуваш ти
И кога ќе се насмевнам гледајќи како
големиот клен сепак се фаќа
на ситен
шарен
воблер
Извини
Не можам да ти објаснам нешто
кое и самата не успевам да го сфатам
Или да ти продадам приказна
Во која и самата тешко да поверувам
Кажи ми
Природно ли е ова привремено слепило
Или само поглед со поинакви очи
Или е можеби механика движењето на прстите
кое љубовта ја преведува
во низа запирки и знаци
а чувствата ги преточува
На некаков си човечки јазик
кој го разбира само оној
што пишува, а не очекува некој да му врати
И како сега да ти објаснам
Нешто што и самата не го разбирам
Како тогаш очекувам да сфатиш
дека моето Денес дојдов
всушност значи Сакав да те видам
дека моето Се надевам
всушност значи дека Страдам
Кажи како да си ги преведеме
мислите на некој јазик
На кој ќе знаеме дека љубовта е жива
Додека другите се чудат
на нашето Како си
што значи Се уште те мислам
и нашето Океј
составено од сите насмевки на светот
Никако нема да ти објаснам
зошто не може да се објасни
Разговорот без смисла
Разговорот на мене со себе
Барем да имаше начин како
Те сакам, кажано во огледалото
Да ме направи среќна
2.
Пет минути подоцна
Се насмевнувам на своја сметка
И сфаќам дека ќе научам
Да ти објаснам се'
Само тогаш кога ќе изгубам желба
да ти објаснувам што било
Само кога ќе престанам да мислам
за што ли во некој миг од денот
размислуваш ти
И кога ќе се насмевнам гледајќи како
големиот клен сепак се фаќа
на ситен
шарен
воблер
No comments:
Post a Comment