Tuesday, December 4, 2012

Пријатели на слика


Моите двајца пријатели на слика
Ме потсетуваат дека имаше убави денови
Кога знаев точно
Дека моите чекори мирисаат на топло кафе
Моите двајца пријатели повторно
Носат вратоврски што и пркосат на гравитацијата
И имаат сериозен изглед
Небаре во нивните раце е судбината на светот
Моите двајца пријатели на слика
Не зборуваат, но јас ги слушам сосем јасно
Како пак се шегуваат на нечија сметка
(за чорапи или хулахопки, сеедно)
И како собираат љубопитни насмевки
Од лево и од десно
Оти моите пријатели на слика
Се единствените што и мене ми изнудија насмевка
Сред едно дождливо и сиво претпладне
Кога се колнев дека ништо нема да ме допре
Ниту да го разбие сивилото
Но – ете ги, сеуште ме слушаат
И кога мојата ноќ и нивниот ден се разминуваат
Веројатно знаат дека ми недостигаат
Деновите почнати со топло кафе и завиткани
Со шарена вратоврска
Моите двајца пријатели на слика
знаат дека поначесто
Тоа е единствениот убав подарок за една дама.

No comments:

Post a Comment