Tuesday, December 4, 2012

Песна во парчиња


Оваа песна е во парчиња
пишувана меѓу две - три реченици
Во најтесното место на светот
Иста е како и онаа што ја пишува
Оваа песна е во парчиња
подзалепени со некакви фрази
Кои ги слушам и ги пренесувам
Најдобро што можам
Сонувајќи како
им велиш на сите за миг да застанат
зашто мораш да ми кажеш
Нешто најважно
Оваа песна е во парчиња
кои не ги гледаш зашто одамна сум научила
Да бидам тивка и насмеана
да не речам, сосема целосна
Среќна околност е што
ја знаеш мојата форма
но не успеа да ја видиш
мојата суштина
Оваа песна е во парчиња
Како и онаа што ја пишува
Без грижа
ќе се оддалечува полека
ќе умира и ќе се пресоздава
се дури конечно не се смилуваш
Да го вратиш тоа едно парче
што недостига

No comments:

Post a Comment