како на остаток од некој минат живот
Те преосмислувам и пресоздавам
Според мојата замисла
Како во стара келтска легенда
Те создавам од цвеќиња
Те пазам од невремиња
И пак те сакам
Како кога беше од крв и месо
Добро, можеби помалку
Можеби малку, но поискрено
И секогаш толку тегобно
Како да знам дека постоиш
во сите облици
Освен во оној
Кој мене ќе ме направи среќна.
No comments:
Post a Comment