Ти ќе напишеш, а јас ќе размислувам
и ќе си толкувам
Ќе си плачам и ќе се подналутам
Ќе се присетам и ќе се поднасмеам
Ти ќе напишеш
а јас ќе се прашувам
Ќе затресам со глава и ќе се подисплашам
Ќе се зачудам и ќе си подразбирам
се што треба и што не треба
Ти ќе напишеш
за веднаш потоа да ми кажеш
Дека пораката си ја пратил по грешка.
No comments:
Post a Comment