Friday, December 21, 2012

Гледам

Прекрасни црни очи гледам
очи нејасни очи поцрни
од најцрната ноќ
Усни најнежни најмеки следам
усни најтивки усни погласни
и од најгласната врева
Раце најсилни раце галам
раце немирни раце непокорни
раце де огнови раце де окови
Во коса црна коса тонам
коса како море коса што ме штити
дење кога сонувам ноќе кога гледам
прекрасни црни очи гледам
очи нејасни очи поцрни
од најцрната ноќ

No comments:

Post a Comment