Дури и кога те мразам
Како деновиве
Не можам, а да не се вљубам
по којзнае кој пат
Во твојот поглед
Вперен некаде далеку
(Или во најмала рака
Некаде различно од другите)
Па се прашувам
дали тогаш размислуваш
За нечија катастрофална вратоврска
За некоја судбоносна одлука
за некоја нежна и привлечна девојка
Или можеби си само
Гладен.
Како деновиве
Не можам, а да не се вљубам
по којзнае кој пат
Во твојот поглед
Вперен некаде далеку
(Или во најмала рака
Некаде различно од другите)
Па се прашувам
дали тогаш размислуваш
За нечија катастрофална вратоврска
За некоја судбоносна одлука
за некоја нежна и привлечна девојка
Или можеби си само
Гладен.
No comments:
Post a Comment