Минатиот 13 ноември
Бев збунета како никогаш досега
„Што да правам?“
„Чувај се“
Јас никогаш и не сакав ништо повеќе
Од „чувај се“
кажано патем
Во ноемвриско студено претпладне
Затоа што
во животот учиш дека делиш се
Слободата
Соништата
Насмевките
Единственото што никој не го сака
Се солзите
и тоа тивко „чувај се“
Кажано кога ти се ниша
земјата под нозете
Ете затоа не те сакам повеќе
Затоа ти ги мразам и рацете и очите
Не можеш туку така да речеш
Чувај се
и потоа да решиш дека не постоиме
Минатиот 13 ноември мислев дека
изгубив едно, а добив друго
Овој 13-ти гледам јасно
Сум ги изгубила обете.
Бев збунета како никогаш досега
„Што да правам?“
„Чувај се“
Јас никогаш и не сакав ништо повеќе
Од „чувај се“
кажано патем
Во ноемвриско студено претпладне
Затоа што
во животот учиш дека делиш се
Слободата
Соништата
Насмевките
Единственото што никој не го сака
Се солзите
и тоа тивко „чувај се“
Кажано кога ти се ниша
земјата под нозете
Ете затоа не те сакам повеќе
Затоа ти ги мразам и рацете и очите
Не можеш туку така да речеш
Чувај се
и потоа да решиш дека не постоиме
Минатиот 13 ноември мислев дека
изгубив едно, а добив друго
Овој 13-ти гледам јасно
Сум ги изгубила обете.
No comments:
Post a Comment