Мојот човек не се плаши
од бранување
Плимата и осеката за него се
Чаршафи на полупразен кревет
Мојот човек не мисли
на последиците
За него јас сум почеток и крај, причина и светост
Мојот човек не се грижи
за маските и боите
Го освојува само збор и минимален декор
Не знам дали мојот човек постои
Но знам дека се грижи само за мене
No comments:
Post a Comment