Wednesday, December 12, 2012

Шепот

Во просторијата полна со стотици луѓе
кои пијат, пеат, се туркаат, се смеат
Не гледам ништо и не слушам ништо
Освен еден силен продорен звук
кој ме влече и ме врти 33 степени источно
Малку подесно, накај вратата
Се насмевнувам
Тоа ти дискретно си и шепнал на келнерката
Да ти донесе уште една чаша вода

No comments:

Post a Comment