Те гледам
свиреп и глуп
Крај мене гладна
за прегратка...
***
Лажам
Во моментов те гледам
со твојата позната насмевка
Единственото нешто што остана
Да ме гребе
Да ме толчи
Да ме урива
Свиреп си
и глуп
А јас не толку гладна
за прегратка
Никогаш повеќе гладна
за твојата
прегратка потешка од оков
Исто толку опасна колку и таа насмевка
со која еднакво силно сакаш и мразиш
Омразата и Љубовта
и двете совршено му прилегаат
на тој лак
што порано ми беше виножито
А сега кловновски белег
на твоето нежно, нежно лице
Понекогаш те сонувам
Свиреп и глуп
Крај мене гладна
за прегратка
Но не за твојата
Цврста и посилна од стравот
Дека некогаш ќе се препознаеш
и ќе ти дојде горчливо во устата
Кажи ми
ќе те видам ли еднаш
Без тие безвредни луѓе
Никому потребни
Ќе си простиме ли
кога ќе бидеме стари
Оти јас
Не сакам да те мразам
Јас тоа не го умеам
Да знаев
ќе те мразев со сета сила
ама гледај
Јас со сета сила знам само
Да сакам
и да пишувам
свиреп и глуп
Крај мене гладна
за прегратка...
***
Лажам
Во моментов те гледам
со твојата позната насмевка
Единственото нешто што остана
Да ме гребе
Да ме толчи
Да ме урива
Свиреп си
и глуп
А јас не толку гладна
за прегратка
Никогаш повеќе гладна
за твојата
прегратка потешка од оков
Исто толку опасна колку и таа насмевка
со која еднакво силно сакаш и мразиш
Омразата и Љубовта
и двете совршено му прилегаат
на тој лак
што порано ми беше виножито
А сега кловновски белег
на твоето нежно, нежно лице
Понекогаш те сонувам
Свиреп и глуп
Крај мене гладна
за прегратка
Но не за твојата
Цврста и посилна од стравот
Дека некогаш ќе се препознаеш
и ќе ти дојде горчливо во устата
Кажи ми
ќе те видам ли еднаш
Без тие безвредни луѓе
Никому потребни
Ќе си простиме ли
кога ќе бидеме стари
Оти јас
Не сакам да те мразам
Јас тоа не го умеам
Да знаев
ќе те мразев со сета сила
ама гледај
Јас со сета сила знам само
Да сакам
и да пишувам
No comments:
Post a Comment