Кога ти се лутам
Месечината му се лути на Сонцето
Дождот го збунува Градот
а реките почнуваат да течат наназад
Кога ти се лутам
Тротоарите ги голтаат чекорите на луѓето
а стрелките на часовникот одат
во спротивен правец
и не е важно дали е утро или вечер зашто
Кога ти се лутам
Нема потреба од време
Нема потреба од мене
No comments:
Post a Comment