Tuesday, December 4, 2012

Збогување

Не велам дека сум пресреќна
Но барем сум конечно будна
и сосем трезна
Толку будна
што јавно си се извинувам себеси
за сета болка која си ја нанесов
што од љубов, што од незнаење
Толку трезна
што самата се гушкам и си велам еј!
не грижи се, најлошото пројде
за добрите работи има уште време
Замисли, си велам
требаше да отпатуваш далеку
За да ти се отворат очите
и да погледнеш подалеку од носот
Требаше да леташ над океани
за да не се удавиш
во таа единствена капка вода
исцедена во моменти на очај
и на неверување
дека нештата не се такви
какви што сакаме да бидат
Трезна велам, и будна
И конечно свесна
дека никогаш нема да ти бидам
Непријател
Зашто како и во се
и во тоа си
(љубов моја)
Самодоволен

No comments:

Post a Comment