Tuesday, December 4, 2012

Страшно сознание, 26 јуни 2012


Јас вечерва
Плачам како мало дете
Бев храбра цел ден
Но еве пукнав како меур
Пред некое време
Ти го избришав бројот
И сега не знам дали почнува
на нула седум нула
Немаше да ти пишам
Само ќе те прашав
Онака, во мислите
Зошто се стана толку грдо
Но јас никако не успевам
да се сетам
Дали проклетиот број
Почнува на нула седум еден
А јас се сеќавам на секој збор
и секој звук и секој чекор
Јас знам точно
како мириса светот после единаесет
И просто не е можно
И никако не е дозволиво
Да не ја запаметам единствената
трошка
што ме држи будна
и налутена

No comments:

Post a Comment