Го сакам твоето тркалезно совршенство
и начинот на кој целосно ме пополнуваш
со твојата топла срцевина
Јас всушност те обожавам
Тебе и твојот совршен тајминг и твојата
целина
И уште стопати ќе повторам
дека си совршен
Дури и кога си направен со растителен
Дури и кога си квадратен
Без кечап
А не тркалезен
Те сакам како љубовта на мојот живот
Како оној што колку ме храни
толку и ме убива
Како оној без кого сум слаба
но не и посилна
И добро знам што сакаш
Сакаш и мене да ме направиш тркалезна
Сакаш да ме викаат елегантно пополнета
Нека сум и дебела
Но дај да сум дебела од твојата милост
Ти благодарам што постоиш
Ти прекрасна замено
за љубовта.
No comments:
Post a Comment