Нас не делат
Еден долг ходник
Најбавниот лифт и широка патека
И потоа парк кој има две лица
Ги поминуваш дечињата
залепени за татковите колена
И кутрите беспомошни луѓе
На кои еден допир им е цела вселена
Се спушташ од кај тие што безделничат
Ги пропушташ тие што брзаат
Ти застанува здивот кај фонтаната
И ја одбираш потесната уличка
Одиш уште право и ја следиш реката
Таму ќе сретнеш луѓе со чудни имиња
Со страшен изглед и детски насмевки
Тука можеш да застанеш на цигара
И да добиеш лекција за здрав живот и рекреација
И потоа да погледнеш во небото
Таму во зима е жолтеникаво
Снегот паѓа низ светилките
Но нема научно објаснување
За тоа како ме паметиш ти мене, а јас тебе
Нас всушност не делат поголеми ѕидови
Нас не дели времето на минути
Не делат луѓето по сопствен ќеф
Не дели гордоста и глупоста
И ништо друго не не спојува
Освен една наша мала насмевка
Која не знае самата да патува
А не дели прво лифт, па една патека...
Еден долг ходник
Најбавниот лифт и широка патека
И потоа парк кој има две лица
Ги поминуваш дечињата
залепени за татковите колена
И кутрите беспомошни луѓе
На кои еден допир им е цела вселена
Се спушташ од кај тие што безделничат
Ги пропушташ тие што брзаат
Ти застанува здивот кај фонтаната
И ја одбираш потесната уличка
Одиш уште право и ја следиш реката
Таму ќе сретнеш луѓе со чудни имиња
Со страшен изглед и детски насмевки
Тука можеш да застанеш на цигара
И да добиеш лекција за здрав живот и рекреација
И потоа да погледнеш во небото
Таму во зима е жолтеникаво
Снегот паѓа низ светилките
Но нема научно објаснување
За тоа како ме паметиш ти мене, а јас тебе
Нас всушност не делат поголеми ѕидови
Нас не дели времето на минути
Не делат луѓето по сопствен ќеф
Не дели гордоста и глупоста
И ништо друго не не спојува
Освен една наша мала насмевка
Која не знае самата да патува
А не дели прво лифт, па една патека...
No comments:
Post a Comment