Thursday, December 13, 2012

Експеримент

Ајде нека пробаат да не одвојат
(да не разделат секако не можат)
Но нека не одвојат на еден ден
Да видам како ќе ја расплетат 
оваа твоја пајажина од која се сопнувам
Кога станувам наутро
Кога легнувам навечер
Да видам како ќе ги избришат
Лифтовите
Огнометот
Погледите и џагорот
на луѓето што зачудено не гледаат и си велат
Од каде оваа топлина во декември?

No comments:

Post a Comment