Чекориш бавно
и со мака го искачуваш
последното скалило
Во тој миг
Посакувам да сум најмала на светот
Висока таман до твоето колено
(а силна за тројца)
за да те потпирам на секој чекор
Си велам во себе
Ќе се смееш ако знаеш што мислам
Следниот пат, одиме со лифт
No comments:
Post a Comment