Наводно
Немало ништо еротско
во начинот на кој некој јаде омлет
и ништо фројдовско
во свиркањето на иста мелодија во исто време
Нормалните луѓе наводно
не губеле нерви со објаснување
на огномети и чудни временски појави
А поклопувањето на мислите
иако недоволно истражено
Најверојатно било резултат
на чиста коинциденција
Ако е така
тогаш зошто ми се чинат толку тажни
сите тие нормални луѓе
Кои ме уверуваат дека тоа што
во последно време зрачам
речиси сигурно се должи
на промени во исхраната
No comments:
Post a Comment