Кога имаш висока температура
Најдобро е да се стуткаш
На првиот слободен кревет
и да се тешиш дека треската ќе помине
За разлика од онаа во нечии раце
која пак те втресува
со секој звук на телефонот
Сувите усни најдобро е да ги навлажниш
со помислата на нечиј нежен бакнеж
следејќи ги верно трагите
засекогаш оставени на твоето лице
Не давај да те беспокои
облогата со алкохол на твоето чело
помисли на некоја весела вечер
и на некоја смешна здравица помеѓу вас двајца
Потпевни си слободно и некоја песна
Можеш да се смееш, најгласно да страдаш
Не грижи се, се' е дозволено, зашто бладаш
Удри го мобилниот кај што најмногу го боли
удирај дур не се појават
Крупни капки пот по целото тело
(и онака потта и солзите се исто)
После нив гледај да заспиеш веднаш
Со лекција од мајка ти да внимаваш кај одиш
И прекор од татко ти да внимаваш што носиш
Извини се и насмевни се
Другпат облечи се добро
Тоа е секогаш полесно
отколку да пронајдеш начин
Како да не бидеш повеќе вљубен.
No comments:
Post a Comment