Tuesday, January 15, 2013

Пријателство

Никогаш нема да најдам зборови
за да ти опишам колку уживам
во моментите кога и двајцата си играме
чекорејќи врз големата црвена линија
што ги двои она што може
и она што никогаш нема да се случи
Доволно паметни да сфатиме
и доволно љубопитни да замижиме
тогаш кога ни е најубаво еден покрај друг
Ништо нема да ги замени
црвените мигови на пијанство
од некаква необјаснива возбуда
и нежната љубомора кога знаеш дека сум среќна
и знам дека си среќен и самиот.




No comments:

Post a Comment