Monday, February 25, 2013

Лебедова


Колку ли си вредело
Кога ти било чисто секое зајдисонце
Сигурно помалку
одошто на распетие
Речи му благодарам
за рѓосаните клинци
што ти ги пронижаа најмеките меса
Благодарам на саканиот
што не те остави да шеташ само
туку набележано со крв
Меѓу неверниците
Полесно да те препознаваат
и да ти тураат сол во раните
Колку ли си вредело
Кога не си било негово
Можеби сепак повеќе
одошто на распетие
Речи и благодарам
на мајка ти за млекото
Потем засрами се
Оправдај се пред неродените
И стани
Сонцето посилно блеска во искршено стакло
Од искршени души се родиле и ѕвездите
Сети се
Жити корењата
Каде си било и колку си вредело
Можеби повеќе
Можеби ништо
Ви благодарам речи
на изгорениците
И гледај ги понекогаш
да не заборавиш како се живее

No comments:

Post a Comment